еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Додека СДСМ и ДУИ изберат кандидат за претседател, Силјановска победува

Во фијаско се претвори конкурсот за претседателски кандидат на СДСМ на кој се пријави единствено амбасадорот Ѓорги Филипов.  Иако општинските организации се уште може да предлагаат имиња, демократските процеси при изборот на претседателски кандидат се веќе во втор план бидејќи во партијата се сигурни дека без поддршка на албанските партии во земјава тешко ќе дојдат до победа на изборите за претседател.

Тоа станува очигледно по остварените и закажаните средби на премиерот Зоран Заев со лидерите на ДУИ, Алтернатива, Беса и останатите албански партии.

Останува прашањето дали тие ќе се сложат на изборите да се истрча со кандидат Македонец или пак ќе инсистираат за противкандидат на Гордана Силјановска – Давкова да има жена.

Во јавноста веќе се шпекулира со имињата на Теута Арифи, Абдулменаф Беџети, а претходно и со Никола Димитров и Стево Пендаровски.

И додека власта мери и премерува односно бара кој ќе биде соодветен кандидат на изборите, Силјановска полека ги освојува симпатиите на граѓаните, а посебно кај македонскиот народ, бидејќи најавува дека строго ќе се држи до законите и нема да подлегнува на притисоците од извршната власт.

Неизбежен е впечатокот дека СДСМ и ДУИ се уплашени од изборите, а има и зошто со оглед на тоа што за многу кратко време беа повлечени десетина потези со кои ја загубија довербата на гласачите, кои се разочарани и едвај чекаат шанса да ја казнат власта  на избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Силјановска објави заедничка фотографија со Киро Глигоров

Силјановска: Од мене, ниту било ниту ќе биде фикус, јас му припаѓам на родот на кактуси

Силјановска за коментарите за нејзиниот изглед: Не дека немам попривлечни фотографии во бикини, ама не прифаќам да бидам инспирација на мажите

Ќе ја добиеме ли првата жена претседател: Која е Гордана Силјановска – Давкова

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

39 нови случаи на Kовид-19 од 817 тестирања

Редакција

(Видео) Голгота на 86-годишна скопјанка: Никој не сакаше да ме оперира, спас најдов во Клиниката „Жан Митрев“

Редакција

Од партијата на Љубчо Георгиевски велат дека “францускиот предлог“ со ништо не го загрозува македонскиот јазик и идентитет

Редакција