еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Додека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ бистрат политики: Македонците самоволно стануваат Бугари

Не стивнуваат реакциите во Бугарија, но и во целата Европска Унија откако повторно се актуелизира аферата за незаконско издавање десетици илјади бугарски пасоши на лица од Македонија, Молдавија и другите земји од регионот.

Бугарските власти обвинија високи државни службеници пред се во тамошната Агенција за иселеници односно Бугари во странство, дека земале поткуп за полесно издавање пасоши.

Станува збор за разработена шема со која преку посредници овие функционери дебело заработувале за издавање на бугарски пасоши. Атрактивноста на бугарскиот пасош е во тоа што пазарот на труд во Европа станува достапен односно може без проблем да се работи во која било земја од ЕУ.

Податоците на бугарското Министерство за правда покажуваат дека само за една година барање за државјанство поднеле 10.000 Македонци.

„Јавна тајна“ е дека бугарски пасоши имаат и повеќе поранешни и сегашни македонски функционери кои се декларираат како патриоти и од петни жили трубат против промена на името на државата, а всушност тие одамна ја смениле таковината.

Затоа, крајно време за промена на регулативата за избрани функционери во Македонија со кои лицата кои имаат странски пасош не би можеле да извршуваат јавни функции.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ФОТО) „Ова сме јас и мама“: Девојка од Сараево, 29 години подоцна се препозна на фотографија на грчки фоторепортер од периодот на војната

Редакција

Во јули годишен раст од 11,1% на депозитите и од 5,8% на кредитите

Редакција

Почина актерката Катерина Крстева, популарната Мара Попара

Редакција