еМагазин
Image default
Македонија

Додека се размислува за амнестија, дел од обвинетите за насилството во Собрание ги повлекуваат доказите

Дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, решија да повлечат дел од доказите предложени за нивна одбрана во судскиот процес што се води пред Кривичниот суд.

Причината за тоа во судницата не ја образложија, а не потврдуваат ниту дали тоа е поврзано со најавите за помирување односно за амнестија.

Пред да го одложи денешното рочиште за „27 април“ судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта, па така за утре е предвидено да се продолжи со читање на СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите, додека во понеделник на 26 ноември, треба да заврши и одбрана на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.

– Откако одбраната повлече дел од предложените докази, тогаш за рочиштето на 26 ноември може да бидат повикани двајца сведоци предложени од одбраната на Муковски, а потоа да завршиме и со одбраната на Василевски, Арнаудов и Трачуловски, рече судијката Кацарска.

Пратеникот Љубен Арнаудов, за својата изјава рече дека најпрво ќе се консултира со својот адвокат, додека пратеникот Јохан Тарчуловски кажа дека ја повлекува комплетната листа на докази, но и дека се што има ќе каже сам пред Судот.

Премиерот Заев во саботата, во контекст на настаните во Собранието од 27 април минатата година и прдлозите на власта за помирување, а на опозицијата за целосна амнестија, истакна дека може да има помирување само за оние кои не учествувале во насилствата.

– Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, изјави Заев.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници.

Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алијансата за Албанците ќе повика да се гласа „за“ на претстојниот референдум, ама со услови

Редакција

Лазе Велковски не е повеќе директор на Бирото за јавна безбедност, кој ќе го замени

Редакција

Бугарската министерка за надворешни работи: Илинденското востание географски е македонско, историски е бугарско

Редакција