еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Самуел Жбогар денеска ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство.

Првата награда ја добија Снежана Лупевска Созен, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска за истражувачката сторија „Крадење идентитети на граѓани за криминални цели“.

Втората награда ја доби Сашка Цветковска за истражувачката сторија „Тајните играчи од САД позади македонските `фејк њуз’ велешки сајтови“, а третата Кристина Озимец и Васко Маглешов за истражувачка сторија „Пратеничките скандалозни суми за патни трошоци“.

-Овде сме да ги наградиме професионалноста, храброста и борбата за вистината во една од најважните професии глобално. Професионалното новинарство е од исклучително значење за демократијата, а новинарите се „најстроги набљудувачи“ на политичката елита. Тие се тука за копаат подлабоко, да ја најдат вистината, рече евроамбасадорот Жбогар додавајќи дека сето тоа што го прават е во интерес на демократијата, општеството и граѓаните.

Сите добитници на наградите, како и членовите на Комисијата којашто одлучуваше кој да ги добие, се едногласни, потребно е и натаму новинарите да работат на истражувачки стории и покрај тешкотиите со кои тие се соочуваат, проблемите и пречките на кои наидуваат, за подобро општество и во интерес на граѓаните. Овие награди, посочија, треба да бидат мотив и за помладите новинари да се фатат во костец со овој предизвик.

Наградите се дел од тековниот проект финансиран од ЕУ „Зајакнување на квалитетното информирање и независното новинарство во Западен Балкан и Турција“. Целта на доделувањето на овие награди на ЕУ  е да им се оддаде признание и да се промовираат исклучителни достигнувања на истражувачкото новинарство.

Овие награди се воспоставени од 2015 година. Годинава наградниот фонд изнесува 10.000 евра, 5.000 за првата награда, 3.000 за втората и 2.000 евра за третата.

За доделувањето на наградите одлучувала тричлена комисија од истражувачки новинари од земјата и странство. За наградата пристигнале 20 апликации од 23 новинари, а од нив осум влегле во потесен избор. Од овие осум стории се избрани наградените три.

МИА/Фото: БИРН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе се промовира книгата „Пропаст“ од бугарскиот писател, Владимир Зарев

Редакција

Денеска хуманитарна штафетна трка во Градски парк за поддршка на семејствата кои имаат лица со попреченост

Редакција

Kултната „Книга за гробиштата“ од Нил Гејман пристигна на македонски

Редакција