Договор од 2,3 милиони евра склучи ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта со “Грин тим“

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта Скопје Ц.О. склучи договор за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во времетраење од две години, со друштвото за промет и услуги Грин тим ДОО увоз-извоз Битола. Договорот е во вредност од 143.960.000 денари или 2.340.813 евра.