еМагазин
Image default
Локално

Доколку планирате на Водно качете се пешки, нема автобус и жичара

Поради одржување на ридски натпревар во автомобилизам на Водно, викендов нема да сообраќаат автобусите на линиите 25, 25А и 25Б, соопшти ЈСП Скопје.

За време на викендот нема да работи ниту жичницата на Водно.

Во сабота со почеток во 12 часот ќе биде одржан неофицијалниот и официјалниот тренинг на ридската трка, а патеката ќе биде затворена за секаков вид сообраќај од 9 до 17 часот.

В недела од 12 часот ќе се одржи натпреварот (прва и втора трка). Патеката ќе биде затворена за секаков вид сообраќај од 9 па сè до 17 часот на потегот од улица „Тасино чешмиче“ до хотел „Средно Водно“ и обратно.

Патеката е долга 3.500 метри и се наоѓа на патниот правец со старт од кај стар хотел „Водно“ и цел на 3.500 метри кон Средно Водно, која е приспособена за ваков вид на натпревари.

Фото: ЈСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повредени жена и 10-годишно девојче по удар од „Голф“

Редакција

Дрска кражба во Скопје: Жена во години ограбена на улица

Редакција

Маж пронајден починат во стан во Скопје

Редакција