еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Беќаровски: „Ковид-сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот, тргнете ги покажете оригиналност“

Ковид сертификатите се комплетно смешни во ерата на омикрон сојот од Sars-Cov-2 и ајде да бидеме први кои времено ќе ги суспендираме, барем на територијата на Македонија, повика доктор Нико Беќаровски.

„Ако сите се сложуваме дека ниту вакцината, ниту претходното прележување не заштитува од можноста да се заразиме и да го пренесеме омикронот, тогаш која е целта на ковид-сертификатот во дадениов момент?

Некој ќе каже, вакцинираните и прележаните многу полесно ја поминуваат болеста и потешко се заразуваат.

Да, 100% точно и затоа е паметно да сте вакцинирани, ама тоа е личен ризик на непрележаните и невакцинираните, а не ризик по колективното здравје, поради кои и се воведоа овие сертификати.

Место тражење на сертификат на влезовите, денес многу поцелисходно е термокамера т е. мерење на телесната температура.

Почитувани колеги од Комисијата за заразни болести, ќе Ве замолам размислете и ставете ја на дневен ред оваа идеја. Покажете малку оригиналност,“ пишува Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: „Вакциналните сертификати во кафеана не се никаква гаранција- вакцините не штитат од заразување со омикрон сојот кој е 100% доминантен“

Доктор Пановски: „Тргнете ги сертификатите, одложете ја школската година за две недели, нека биде со физичко присуство и без маски“

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

110 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле без изразени симптоми

Редакција

„Рапид билд“ го доби тендерот на МЕР за полнење на гасоводот Клечовце-Неготино вреден 268.000 евра

Редакција

Тензиите во ДУИ продолжуваат: Изет Меџити се повлече од позицијата координатор на пратеничката група на ДУИ во Собранието

Редакција