еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Докторите кои ја извршија трансплантацијата на срцето: Oва е круна во државната кардиохирургија

Проф. д-р Сашко Јовев од Државната кардиохирургија, под чие водство беше изведена правата трансплатација на срце во државата, рече дека пациентот засега е добар и изрази надеж дека така и ќе остане.

– Овој зафат не само што претставува круна во кардиохирургијата во нашата земја, туку и претставува процес на заокружување на лекувањето на терминалната срцева слабост. Трансплатацијата на срце, иако најретко може да го добиеме, е можеби најдобар одговор,“ изјави Јовев.

Тој изрази надеж дека ваквите процеси ќе продолжат и во идина и ќе имаме уште повеќе донори, за да спасиме уште повеќе животи.

Доктор Жан Митрев од Клиниката „Жан Митрев“, рече досега имало многу малку разбирање за овој проблем.

– Од минатата година за првпат во Македонија се дозволи вградување на вештачки срца, што беше првиот исчекор кон ова. Се покажа дека ги имаме сите капацитети и можности. Сакам да се заблагодарам на министерот Венко Филипче, кој не организира и сплоти со една цел да ги лекуваме пациентите,“ изјави Митрев.

За д-р Александар Николиќ од Аџибадем Систина ова е еден од најзначајните чекори во македонската медицина и навистина историски ден.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите сме донори на органи доколку не се изјасниме спротивно на нотар, но семејството го има последниот збор

(Фото) Емилија Динева е жената која почина во сообраќајка, а семејството ги донираше нејзиното срце и бубрези

Првата трансплантација на срце во Македонија успешна, огромен успех за македонското здравство

Од донорот на срцето, ќе се трансплантираат и два бубрега на Клиниката за урологија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Назначени директори на 22 национални установи: Мартин Вучиќ е новиот директор на „Танец“

Редакција

Една година по потпишувањето: Како влијаеше Договорот од Преспа на политичката сцена во Грција

Редакција

(Фото) Барањето за регистрирација на бугарското здружение „Цар Фердинанд“ во Богданци одбиено

Редакција