еМагазин
Image default
Македонија

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

Личните документи со новото име Република Северна Македонија, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи … граѓаните ќе може да ги добиваат откако, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон, пишув meta.mk.

Протоколот од Атина се очекува да биде испратен денеска.

На прашањето, кога граѓаните ќе почне да добиваат документи со новото име, портпаролот на Владата, Миле Бошњакоски за „Мета“ одговори дека откако нотата ќе биде испратена и ќе биде објавено во Службен весник, потоа МВР треба да распише јавна набавка за новите документи.

„МВР треба да набави нови пасоши, документи. Нема ограничување за тоа, дали додека трае набавката на документите граѓаните ќе можат да вадат нови, бидејќи ќе си добијат документи по старо, кои потоа ќе треба да ги заменат во рок од пет години“, одговори Бошњакоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Плоштадот Македонија како ќе го преименувате“: Твитер за отстранувањето на буквите од зградата на Владата

Скопје ќе биде „преплавено„ со „грчки“ споменици: Следи имплементација на Договорот од Преспа

Ќе се менуваат ли и капаците на шахтите со ѕвездата од Вергина (Кутлеш), согласно Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Русија станавме Северна Македонија

Редакција

Столтенберг: Скопје имаше посебно место во срцето на татко ми

Редакција

По МВР и Амбасадата на САД со предупредување: Постои зголемен ризик од терористички напади во Северна Македонија

Редакција