еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДОМ не го поддржува францускиот предлог, одлучи Централниот одбор на партијата

На синоќешната седница, Централниот одбор на Зелената партија ДОМ донесе одлука дека нема да го поддржи т.н. француски предлог за започнување преговори со ЕУ, информираат од партијата.

-ДОМ останува доследен на ставот дека билатералните прашања, особено оние кои се однесуваат на идентитетски, историски и образовни теми не треба да бидат дел од преговарачкиот процес.

Исто така, ДОМ останува доследен на остварување на стратешката цел – членство во ЕУ согласно европските и зелените вредности.

Централниот одбор заклучи дека во изминатиот период Зелената партија имаше одговорен и конструктивен пристап кој треба да продолжи и во иднина.

ДОМ е особено загрижен поради длабоката поларизација во македонското општество и активно ќе работи во функција на нејзино надминување, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот

Од мене и дедо ми и баба ми големо НЕ за „францускиот предлог“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на општина Кичево за набавка на лесно масло за горење

Редакција

Собранието вработува 12 службеници

Редакција

Во петок започнува петтото издание на музичкиот фестивал Андерфест Скопје

Редакција