еМагазин
Image default
Бизнис

Домашните компании не соработуваат доволно со инвеститорите во слободните економски зони

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес-конференција на Сојузот на стопански комори (ССК).

Александар Зарков, извршен директор на Сојузот истакна дека согласно анализата на коморите за 2018 година, соработката со компаниите од слободните зони треба да се поддржува и охрабрува, бидејќи само 4% од анкетираните компании се изјасниле дека се дел од вредносните синџири на компаниите од слободните економски зони, 6% обезбедуваат одреден тип на услуга, имаат некаков вид на соработка се изјасниле 13%, 18 % бараат можност за да соработуваат и многу високи 59% немаат никаква соработка и не превземаат конкретни мерки за надминување на ваквата состојба.

„Од анализата евидентно е дека 23% од компаниите остваруваат некаков вид на соработка во најголем дел на услуги и  друг вид на соработка, која не е како стратегиски добавувач.

При анализа на секторската распределба на компаниите со оние од слободните економски зони, ситуацијата малку се разликува од општата слика. Оние 4% на компании, кои се дел од вредносните синџири на зоните, градежниот сектор учествува со 6%, другите сектори со 5% и земјоделскиот сектор со 3%.

Сите видови на дејности обезбедуваат логистика во опсег од најниските 3% во земјоделството до највисоки 9% во туризмот. Текстилниот сектор е различен преку обезбедување на друг вид соработка со високи 32%.

Одговорите на 77% од испитаните компании кои се изјасниле дека „немаат соработка“ и „разгледуваат можности за соработка“ се рангираат највисоко и се разликуваат од сектор до сектор, од 87% во земјоделството, 83% во ИКТ, 79% во категоријата „други дејности од наведените“, 76% во градежништвото, 76 % во туризмот, до 63% во текстил.

Гледано од аспект на големина на компаниите, 58% од големите компании во 2018 немале никаква соработка или само ги разгледувале можностите за соработка со компаниите од слободните зони.

Процентот на компаниите кои не соработуваат или кои бараат можности за соработка се движи помеѓу 78-80%. Големите компании имаат највисок процент во вредносниот синџир на компаниите од слободните економски зони со 10%, додека овој процент кај малите компании е максимално 5%.

Големите компании исто така учествуваат со највисок процент на логистичка поддршка на компаниите од зоните со 10%“, истакна Зарков.

Големите компании имаат најдобра соработка со компаниите од зоните како партнери кои можат да обезбедат доставување на договорени стоки или услуги навремено и со стандарден квалитет.

Малите и средните претпријатија кои сочинуваат  99,7% од сите регистрирани претпријатија во земјата детектирано е дека имаат ограничени ресурси за соработка со компаниите во слободните економски зони.

Трајан Ангелоски, член на УО во ССК појасни дека МСП немаат доволно средства за да ги следат технолошките промени што ги бараат странските инвеститори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Услуги од десет институции ќе ги добивате на едно место

Редакција

Кои се најголемите акционери во УНИ Банка

Редакција

Промени во Надзорниот одбор на Еуростандард банка неколку месеци пред затворањето

Редакција