Додека во Собранието се води дебата меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата околу предложените уставни измени за промена на името на државата во Северна Македонија, повеќе државни институции распишаа огласи за вработување на неколку стотици лица.
Така, Царинската управа распиша оглас за вработување на 58 извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековна фискална година (2018).
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен оглас за вработување на 45 овластени службени лица во Сектор за шумска полиција на работното место шумски полицаец.
Агенцијата за администрација објави оглас за вработување на 24 државни службеници во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, а ЈСП распиша оглас за вработување на 100 возачи.
Агенцијата за странски инвестиции распиша оглас за вработување на пет лица, Министерството за економија исто така распиша оглас за вработување на пет лица, а огласи за вработување распишаа и Државниот управен инспекторат, Државното правобранителство, Агенцијата за вработување, Дирекцијата за бебзедност на класифицирани информации…
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЈСП Скопје вработува 100 помлади возачи, плата од 20.003 денари
Царинската управа распиша оглас за вработување на 58 лица
Распишан оглас за вработување на 24 лица во Дирекцијата за ТИРЗ
Министерството за земјоделство вработува 45 шумски полицајци