еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Доминација: Странци го собираат кајмакот во македонскиот банкарски сектор

На 31.3.2019 година, во Република Северна Македонија функционираат петнаесет банки. Бројот на банки во претежна странска сопственост е единаесет банки, а свои подружници во земјава имаат шест странски банки, покажуваат најновите податоци на Народната банка објавени во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор во првите три месеци од годинава.

„Во првиот квартал од 2019 година, банките во претежна странска сопственост го зајакнаа своето најголемо учество во повеќето категории активности. Исклучок се депозитите од нефинансиски субјекти, каде што учеството на банките во претежна странска сопственост се намали, на квартална основа (за 1,4 процентни поени), но и натаму е најголемо (70,4%).

Од друга страна, банките во претежна странска сопственост имаат највисоко учество во кредитите на нефинансиски субјекти (80,4%) и во вкупниот финансиски резултат (78,4%)“, се вели во извештајот на Народната банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Забрзано растат нефункционалните потрошувачки и станбени кредити на граѓаните

Преполовена добивката на македонските банки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европската унија одговори на руското однесување во Украина: Санкции за 351 член на Думата и 27 компании и поединци

Редакција

Рај за душата во демиркапиското село Чифлик

Редакција

Од утре нема сликање за документи во „Пролет“ без закажување

Редакција