еМагазин
Image default
Македонија

Донесена наредба за мерки на мобилизација, организација и распоред на работата и работното време на здравствените установи

Денеска министерот за здравство Венко Филипче, врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, член 55 од Законот за заштита на населението од заразни болести донесе НАРЕДБА за мерки за мобилизација, организација и распоред на работата и работното време, промена на работни места и услови на работа на здравствени установи и нивни вработени и на приватните здравствени работници во состав на мрежата на јавно здравствените установи, а во врска со користење на медицинско – техничката опрема и останати медицински средства во согласност со потребите и мерките за спречување на појава, внесување, рано откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус Ковид-19, информираат од Министерство за здравство.

„Во случај на привремен распоред на работа во согласност со став 1 од оваа наредба, здравствените работници и соработници треба сите права и обврски во врска со нивниот работен однос да ги остваруваат во матичната здравствена установа или по потреба ќе бидат мобилизирани во друга здравствена установа.

Наредбата на Министерот за здравство стапува на сила денес, а нејзино непочитување повлекува одговорност,“ се вели во соопштението

Исто така, врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа, член 13 од Законот за заштита на населението од заразни болести  и точка 8 од Нацрт – записникот од Деветнаесетта седница на Владата, министерот за здравство донесе писмена НАРЕДБА за спроведување на задолжителна самоизолација за секој државјанин на Македонија кој влегува во државата на граничните премини, а патува од високо ризични или средно ризични земји утврдени со Листата на светската здравствена организација на денот на кој патникот влегува во државата.

Наредбата за спроведување на задолжителна самоизолација секој државјанин на Македонија ја потврдува со давање писмена изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност која ја потпишува при влез на граничниот премин.

Непочитувањето на оваа наредба и неспроведување на задолжителната самоизолација повлекува одговорност, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО ги повика сите земји да гo засилат тестирањето за корона вирусот

Бројот на заразени со корона вирусот во Грција се искачи на 352 лица

Македонската берза се „штити“ од корона вирусот: Од утре се менуваат ценовните ограничувања при тргувањето

Мерка за превенција од корона вирусот: Во супермаркет во Грција ќе се влегува со бројче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски со лидерите од Западен Балкан денеска на вечера кај Мицотакис

Редакција

Нови детали: Во несреќата кај Лесковац на лице место починале маж и две жени

Редакција

За сообраќајката во која загина 32-годишен маж, Зоран Милески-Кичеец доби шест месеци затвор

Редакција