еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Донирај компјутер“ во нова работилница, донирани близу две илјади компјутери

„Донирај компјутер” од денеска функционира во нова работилница, за околу две седмици бројката на донирани компјутерски машини ќе достигне две илјади. Ова денеска го соопшти основачот на оваа иницијатива, Борче Стаменов.

– Отсега ќе работиме во овој простор од околу 25 квадратни метри. Имаме нови алатки набавени од наградата на Дојче Телеком. Нови 20 волонтери, вкупниот број на лица коишто волонтираат сега е околу 40, имаме многу подобри услови за работа.

Проширен капацитет на работилницата од шест на 12 работни позиции. Ова за нас значи дека ќе можеме да бидеме уште поефективни и побрзи во праќањето на компјутерите.

Во иднина истото ова ќе се направи и со работилницата во Скопје.

Има најави од повеќе големи фирми и државни институции за донирање на нивна опрема во „Донирај компјутер”, информираше Стаменов.

Работејќи во фирма што се занимава со продажба и изработка на софтвер за книговодствено работење, „Бидат информатика” од Кавадарци, тој своевремено дошол на идеја сите кои имаат стари компјутери што фаќаат прашина во некој ќош, да ги донираат, тој да ги среди и да ги подари.

За неговата хумана работа ја имал целосната поддршка од своите претпоставени. Има добиено бројни признанија за оваа иницијатива, што веќе ја следат и други волонтери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борче Стаменов поправа и донира компјутери: Државата со малку пари може да ги обезбеди тие 3.000 семејства кои немаат

Кавадарчанецот Борче Стаменов го донираше 1.000 компјутер, трошоци 0 денари

МИА/Фото: еМагазин/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија на судењето родителите на убиениот Ангел Петковски

Редакција

Нови 493 случаи на Ковид-19 од 2.911 тестирања, бројката на активни е 8.391

Редакција

(Видео) Израел буквално го срамнува со земја Појасот Газа по нападот од Хамас

Редакција