еМагазин
Image default
Бизнис

Дополнување на предлог-ребалансот на буџетот: Владата прифати осум амандмани

На 100. седница на Владата, на предлог на Министерството за финансии, ги разгледа и усвои амандманите на ребалансот на Буџетот за 2018 година предложени на комисиската расправа во Собранието на Република Македонија.

„Осумте амандмани на седницата на Владата на РМ се прифатени како дополнување на предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година, и новиот, интегрален текст на предлогот за ребаланс на буџетот ќе биде проследен на усвојување на пленарна седница во Собранието на Република Македонија“, се вели во соопштението на Владата.

Со ребалансот на буџетот се предвидува ревидирање на проекцијата за раст на домашниот бруто-производ (БДП) на 2,8 проценти, задржување на буџетскиот дефицит на 2,7 отсто и намалување на приходната и расходната страна за 0,5 отсто.

Дополнителни средства се обезбедени и за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување и Агенцијата за вработување.

Најголема алокација во ребалансот, има за општините за кои се обезбедува финансиска поддршка во висина од 3,020 милијарди денари, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски.

Фото: Влада на РМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реплек во 2025 ги отвара првите преставништва во Србија и БиХ: Што друго стои во Бизнис планот на компанијата за следната година

Редакција

Лукаревска не е повеќе директор на УЈП, на нејзино место доаѓа Фарук Имери

Редакција

Државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза на почетокот на 2019

Редакција