еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Допрва ќе гледаме „валкана“ кампања за референдумот за името

Додека во судница ечат „бомби“ за тоа како работела претходната власт, во јавноста се почесто излегуваат видео снимки за тоа како работи актуелната власт.

Последна во низата е видео снимката на која градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски им се заканува на вработени, потенцирајќи дека е бивш полицаец.

Снимката е од јануари, но е објавена сега, баш пред престојниот референдум за името.

Никој нема дилема дека периодов до 30 септември ќе видиме уште неколку снимки за владејачката структура.

Кампањата за референдумот иако официјално почнува од денеска, веќе на големо неколку недели се води и од тие што повикуваат на референдумот да се гласа „ЗА„ и од тие што повикуваат на бојкот.

За очекување е „битката“ допрва да се вжешти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За обвинението за „Плацеви на Водно“, Груевски го обвини Заев

Редакција

Во затворската казна на Јанакиески за „Титаник“ веќе е пресметан притворот и куќниот притвор, велат од Кривичен

Редакција

Макпетрол избра нов Управен одбор

Редакција