еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Допрва претстои „тешкото“ меѓу Македонија и Бугарија: Се уште не се чепнати Илинден и Втората светска војна

Како ќе напредува процесот на преговори и кога ќе доаѓаме до тие почувствителни теми како што се на пример 19 век, Илинденското востание, Втора светска војна ќе се појават можни проблеми, вели Драги Ѓоргиев, директор на Институтот за национална историја и шеф на македонскиот тим во заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија.

Додава дека вакви комисии се создадени за да можат да се надминат такви проблеми, но потенцира дека станува збор само за учебниците, бидејќи комисијата не навлегува во официјалната академска историографија.

„Тоа не е работа на комисијата. Работа на комисијата е да ги усогласат некои ставови во учебниците по историја на учениците и на следните млади генерации да им се понуди една поинаква перцепција на историјата, а не да создаваме непријатели во Бугарија или Македонија за одредени историски настани и личности“, смета Ѓоргиев.

Запрашан за Втората светска војна и во кое својство Бугарите биле на овие простори и каков е ставот на македонската страна, Ѓоргиев одговори и порано дадовме некои изјави за тоа, дури и во Бугарија околу тоа имаше изјави дека формално-правно тоа е окупација и поинаку не може да се толкува тој термин.

„Во таа смисла ќе има сериозни дискусии кога ќе дојде темата Втора светска војна во учебниците. Меѓутоа, од формално-правен аспект тоа не може поинаку да се толкува. Тоа е окупација на одредена територија, на одредена држава и тука и покрај тоа има простор да се дискутира, некои работи да се надминат, поинаку да се перцепира сето тоа, меѓутоа тоа што е прифатено и во меѓународната терминологија, изданија, публикации тогаш ќе мораме да се придржуваме на тоа“, подвлече Ѓоргиев.

Информира дека сите сугестии за подобрување на учебниците по историја ќе бидат доставени до владите на Македонија и Бугарија и од нив, како што рече, зависи кога, како и на кој начин ќе го внесат во наставните програми по предметот историја.

„Комисијата е задолжена да даде сугестии до Владата за подобрување на учебниците, а понатаму процесот навлегува во инстутициите на системот“, посочи Ѓоргиев.

Нагласи дека по одржаната трета средба на 30 минатиот месец во Бугарија, комисијата, односно двајцата копретседатели на комисијата ќе поднесат извештај за трите досегашни средби на претстојната заедничка седница на владите на Република Македонија и Република Бугарија, што треба да се одржи во Бугарија.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е контроверзниот Красимир Каракачанов: „Човекот што сака Бугарија да се простира од Софија до Токио“

МНР за изјавата на Каракачанов: Со Бугарија потпишавме Договор за пријателство и ќе градиме пријателство

Каракачанов со „воспитна“ до Заев: Злоупотребата на македонскиот јазик може да ве чини членство во НАТО и ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалувањето на казните за казните е “пазар“ со Груевски за да обезбеди пратеници за уставните измени, објави СДК

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ објави јавен повик за избор на кандидат за претседател на Македонија

Редакција

Владата до 31 мај ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи

Редакција