еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Досега попишани 1.760.194 лица во Македонија и 201.247 од дијаспората

Заклучно до денеска во 7.30 часот во земјава се попишани вкупно 1.760.194 лица, 546.080 домаќинства и 789.406 станови, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 201.247 граѓани од дијаспората.

Денеска е 25-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште еден ден пописни активности.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика.

Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: popis2021.stat.gov.mk.

Од Државниот завод за статистика велат дека во последните денови од Пописот на населението, домаќинствата и становите, пописните активности на терен се одвиваат непречено и во одредени пописни реони со зголемен интензитет.

Помалите пописни реони низ државата веќе завршуваат со попишување на населението и се прават последни завршни проверки.

Во одредени урбани средини интензитетот на попишување се зголемува, се вклучуваат дополнителни попишувачи за да може да се посети секое домаќинство и никој да не биде пропуштен. Со сиот расположлив потенцијал се работи непрекинато и според утврдените рокови предвидени во Законот за попис, истакнуваат од ДЗС.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По барање на 39 земји отворена истрага за можни воени злосторства во Украина

Редакција

Во Албанија спречен шверц на хашиш со крајна дестинација – македонскиот наркопазар

Редакција

ТАВ инсталираше нов врвен уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром

Редакција