еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пописот завршува денеска: Досега попишани 1.813.153 лица во земјава и 203.144 од дијаспората

Заклучно до вчера во земјава се попишани вкупно 1.813.153 лица, 562.110 домаќинства и 822.575 станови, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 203.144 граѓани од дијаспората. Најмногу попишани граѓани од странство има во Швајцарција – 64.806, Германија – 46.161 и Италија – 28.265.

Денеска е последниот, 26-ти ден од Пописот 2021.

Освен во своите домови, граѓаните можат да се попишат и на одредени пунктови во нивните општини, што ги отвори Државниот завод за статистика. Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС: popis2021.stat.gov.mk.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до денеска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања

Редакција

На грчките острови ќе се патува со грчки „Green Pass“

Редакција

Владејачките партии нудат манифест за преговори со ЕУ, што пишува во него?

Редакција