еМагазин
Македонија

Досега само шест приговори за референдумот до ДИК

До ДИК досега се пристигнати шест приговори за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите за референдумот што се одржа во неделата на 30 септември.

Приговорите се однесуваат на гласачки места во Куманово и во Виница, а во еден од нив се бара увид во целокупниот материјал од гласањето.

Рокот за поднесување на приговорите истекува вечер во 22 часот.

Според информациите од ДИК, два од приговорите се однесуваат на едно избирачко место во Куманово и се со иста содржина. Еден од набљудувачите на ова избирачко место ги поднел овие два идентични приговора во кои тврди дека претседателот на избирачкиот одбор ја злоупотребил должноста со корекции на записникот од гласањето.

Останатите четири приговори се поднесени од Тодор Петров и од Светскиот македонски конгрес.

Тодор Петров во еден од приговирте бара отворање и увид на целиот материјал од гласањето на референдумот.

А друг приговор е поднесен за едно избирачко место во Виница, каде како што било наведено во приговорот, недостасувале седум од неупотребените гласачки ливчиња.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот директор на Финансиска полиција, Муареми од СДСМ премина во ДУИ

Редакција

Обвинителката Ленче Ристоска ќе го застапува „Талир 2“, случајот за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

За 24 часа нови 9 случаи на Ковид-19 од 2.743 тестирање

Редакција