еМагазин
Image default
Локално

Дождот спас за плашицата во Охридското Езеро, но не и за загадувањето

Врнежите од дожд што ноќеска го зафатија охридскиот регион ќе ја подобрат неповолната хидролошката состојба што резултираше со драстично намалување на нивото на водата на Охридското Езеро.

Дождот секако ќе придонесе и за подобрување на ситуацијата во Студенчишкиот канал каде изминатите денови плашицата и другата риба се задушуваше поради недоволното количество кислород во водата.

Неповолните услови за живот на рибата во каналот наложи дел од охридските јавни претпријатија да преземат активности во рамки на можностите за подобрување на ситуацијата.

Во текот на вечерните часови екипи на ЈП „Охридски комуналец“ со цистерни претуриваа вода во најзагрозените делови на каналот, се со цел да и се достави свежа вода богата со кислород на рибата што веќе манифестираше вознемиреност и невообичаено однесување, симптоми карактеристични за т.н. асфикација односно задушување.

Претходно Општина Охрид нареди исклучување на пумпите за вода од каптажата „Билјанини Извори“ наменети за потребите на ЈП „Водовод“ и пренасочување на водата во Студенчишкиот канал.

Надлежните општински власти неодамна побараа и од надлежното Министерство за транспорт и врски да преземе итни мерки за спречување на натамошно намалување на водостојот на нивото на Охридското Езеро, пред се преку намалување на истекот на вода од езерото во сливот на реката Црн Дрим.

Дождот можеби ќе ја спаси плашицата од задушување, но не и граѓаните кои утринава повторно дишат загаден воздух.

МИА/еМагазин

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕЛЕМ ќе му позајми пумпи на Хидробиолошкиот завод во Охрид, за да се обезбеди вода во Студенчишки канал

(ВИДЕО) Страшна глетка: Масовен помор на плашица во Охридското езеро поради ниското ниво на кислород во водата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) “Ма каква корона“: Плажите во Охрид преполни, дистанцата невозможна

Редакција

(Видео) Рација во Битола, запечатени четири угостителски објекти

Редакција

Кривична пријава за прилепчанец кој продавал штетни лекови

Редакција