еМагазин
Image default
Македонија

„Драма“ на седницата на Судскиот совет: Членот Адеми побара примена на албанскиот јазик и преведувач

Членот на Судскиот совет на РМ (СС), Селим Адеми на почетокот на денешната седница побара од претседателот на СС, Зоран Караџовски да се почитува Законот за употреба на јазиците.

– Имајќи предвид дека е донесен Законот, барам поканите за седниците на Судскиот совет да бидат и на албански јазик, а воедно да се обезбеди и преведувач, рече Адеми.

Претседателот на СС, Караџовски рече дека сите знаат дека Законот е донесен, но дека и во него има рокови за негова имплементација.

-Јас имам намера да го почитувам Уставот на РМ и законите и нема да се чека последниот рок, рече тој.

Караџовски ирази надеж дека во најскоро време ќе се остварат правата согласно Законот.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за јазици почна да се применува и во Влада: На седница се зборувало и албански

(Видео) „Изгубени во преводот“: Велешкиот градоначалник Аце Коцевски бараше македонски јазик на прес-конференција со министерот Арбер Адеми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од „8 Септември“ заминува главниот инфектолог, отказ дала и докторка од Инфективна

Редакција

Продолжува судењето за „Монструм“ на СЈО

Редакција

Убава вест: 127 оздравени пациенти од Ковид-19

Редакција