еМагазин
Image default
Балкан

Драма на солунското небо: Пожар во пилотска кабина приземји авион на „Рајанер“ со 164 патници кој летал за Атина, а слета во Солун

Поради пожар во пилотската кабина, авион на компанијата „Рајанер“ синоќа принудно слетал на аеродромот во Солун, а сите 164 лица, патници и членови на екипажот безбедно биле евакуирани, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од Генералниот секретаријат за цивилна заштита на Грција, во 17.45 часот авионот кој од Берлин летал за Атина, додека бил над Халкидики испратил сигнал за помош и побарал принудно слетување поради пожар во пилотската кабина, по што веднаш биле активирани сите предвидени протоколи.

Принудното слетување било успешно, а 157 патници, едно бебе и шест членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.

Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека според информациите од Противпожарната служба на Грција во електронските системи во пилотската кабина имало знаци на пожар, а на аеродромот во Солун биле 20 пожарникари со девет возила, но не била потребна интервенција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Борисов го поистовети Гоце Делчев со Че Гевара: Наместо да не обединуваат, овие херои не разделуваат

Редакција

Истражување: Во Хрватска никој што е вакциниран не починал од Kовид-19

Редакција

Бугарската министерка Генчовска ќе поднесе оставка, оти Петков зборувал со европски дипломати за тргање на ветото

Редакција