еМагазин
Image default
Локално

Драма во Чаир: Херој совладал разбојник кој со пиштол сакал да ограби маркет

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – разбојништво.

„Со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на две оштетени лица, осомничениот, на 20 ноември, одзел пари од маркет на ул. „Цветан Димов“. Имено, тој влегол во објектот со пиштол марка „EKOL SPECIJAL 99” со калибар од 9 мм и им се заканил на оштетените. Им наредил да се тргнат од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата со клучот и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари“, соопшти Јавното обвинителство.

Во тој момент, во маркетот влегло уште едно лице кое се нафрлило врз осомничениот со намера да ги заштити оштетените, па осомниченото лице бил совладано и му било одземено оружјето.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложил на лицето да му определи мерка притвор.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР вчера изрече 339 сообраќајни санкции во Скопје

Редакција

Удрил во пешак во Тетово и побегнал

Редакција

Му нанел повреда со нож по расправија пред маркет

Редакција