еМагазин
Image default
Локално

Драма во Идризово: Почина затвореник од Кавадарци по обид за бесење

Затвореник во КПД „Идризово во обид да се обеси со ремен бил спречен од други затвореници, но на пат кон болница, сепак, починал.

Како што соопшти МВР, вчера вработен во Казнено поправна установа „Идризово“ пријавил дека околу 15 часот во КПУ „Идризово“ затвореникот Г.Н.(45) од Кавадарци, се обидел да се обеси со ремен, но од страна на други затвореници ременот бил отстранет.

На пат кон комплекс клиники „Мајка Тереза“ Г.Н. починал.

За случајот бил известен јавен обвинител, кој наредил обдукција на телото на починатиот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гореше „пасат“ во Скопје

Редакција

Парно добија најголем дел од потрошувачите во Кисела Вода, дефектот е саниран, велат од ЕСМ

Редакција

Осомничениот е во бегство: Обвинителство со детали за убиството во казиното во скопски Капиштец

Редакција