еМагазин
Image default
Локално

Драма во Расадник: Случајни минувачи спречиле грабеж во маркет

На 24.01.2018 година околу 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во маркет до спортската сала „Расадник“ лицето В.П.(37) од Скопје земало неколку прехранбени продукти и  се обидело да избега, информира МВР.

Вработената го забележала и се обидела да го спречи, но тој ја удрил и почнал да бега, но бил спречен од случајни минувачи и задржан. По целосно документирање на случајот, против В.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје санкционирани 284 возачи

Редакција

Кои се најдобрите трговски објекти во Скопје за апарати за домаќинство, бела техника и се за дома

Редакција

Приведени лица и затворени угостителски објекти во Аеродром и Карпош кои работеле по дозволеното време

Редакција