еМагазин
Image default
Локално

Драма во Тетово: Нападнати полицајци кои спречувале тепачка

Полицајци од Тетово наишле на тепачка, па кога ги спречувале и приведувале учесниците биле нападнати. Таткото на приведените подоцна продолжил со агресивното однесување и во полициската станица.

„Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера 31 јули околу 15 чсот, во близина на крстосницата на улиците „Киро Ристовски-Дрнц“ и „Штипска“ во Тетово, ги лишиле од слобода тетовците Ф.Б.(28) и Л.Б.(29) од една страна и 30-годишниот Б.Д. од Гајре.

Тие претходно меѓусебно физички се пресметувале, а полицајците интервенирале, по што биле нападнати при обидите за приведување. Подоцна во полициската станица Тетово, дошил и таткото на Ф.Б и Л.Б, 53 годишниот Р.Б. кој продолжил со синовите со агресивно однесување и напад врз полициските службеници“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Четворицата се задржани за целосно расчистување и документирање на случајот. Против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Инаку за навредување и омаловажување на овластено службено лице предвидена е глоба од 600 до 800 евра. Според член 383 од кривичниот законик, за напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста се добива кривична пријава која може да резултира со парична или казна затвор од 6 месеци до 5 години, во зависност од последиците.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж починал по пад од карпа кај село Кошани

Редакција

Тешко повреден скопски моторџија во сообраќајка со „Форд фиеста“

Редакција

Битолчанец и скопјанец од скопскиот аеродром директно во полиција

Редакција