еМагазин
Image default
Македонија

Друштво ќе му прави и Мукоски: Џафери ќе ја предводи државната делегација во Рим во чест на св. Кирил

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на 24 мај ќе ја предводи државната делегација за одбележување на традиционалната манифестација „Македонија во чест на св. Кирил“, во Светата столица во Рим.

Џафери ќе биде придружуван од пратениците Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Ирена Стефоска, Крсто Мукоски, генералниот секретар Цветанка Иванова, вицепремиерот Кочо Анѓушев, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски, државниот секретар во МНР, Виктор Димовски и директорот на Комисијата за односи со верски заедници, Даријан Сотировски.

Државната делегација ќе присуствува на аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква во Ватикан, по што Џафери ќе има средба со папата Франциск и со државниот секретар на Светата столица кардиналот, Пјетро Паролин.

Претходно, ќе се одржи молебен во базиликата „Сан Клементе“ во Рим, каде што делегацијата ќе положи венец на гробот на св. Кирил.

Дел од годинашното чествување на сесловенските просветители браќата св. Кирил и Методиј во Рим, делегацијата на Република Северна Македонија ќе го реализира заедно со делегацијата на Република Бугарија.

Делегацијата, предводена од Џафери, ќе присуствува и на молебенот на Република Бугарија во базиликата „Сан Клементе“, а потоа двете делегации ќе присуствуваат на положувањето цвеќе пред плочата на Република Северна Македонија во чест на св. Кирил во базиликата „Санта Марија Маџоре“.

Во вечерните часови, делегациите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија ќе организираат заедничка културна програма, на која свој настап ќе имаат македонските уметници Весна Гиновска Илкова и Дино Имери.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Основани две национални установи поврзани со Илинден

Редакција

СЈО: „Бомбите“ на „Ел чека“ не се од СЈО

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: Македонија беше окупирана од фашистичка Германија, Бугарија и Италија во Втората светска војна

Редакција