еМагазин
Image default
Бизнис

Државата ќе го плати долгот на приватните винарии кон лозарите од над 1,5 милион евра

Со брзи измени на Законот за земјоделство и рурален развој в понеделник ќе биде донесена одлука со која државата ќе го преземе долгот кон лозарите кои побаруваат пари за грозје предадено пред неколку години, за да бидат исплатени во најкус можен рок. Постои можност потоа државата да си го врати тој дел од откупувачите должници. Ова денеска во Кавадарци го истакна министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

– Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, оваа одлука да биде донесена, пред распишувањето на изборите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, да се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра, рече министерот.

Во изминатиот период биле констатирани долговите кон лозарите за грозје откупено во претходните неколку години.

– Недозволиво е тоа што го правеле во минатото некои регистрирани субјекти кои откупувале грозје и го ставале под залог, правеле вино и извезувале, а грозјето не го плаќале. Затоа во изминатиот период заедно со пратениците, градоначалниците, директори на институции, баравме решенија на многу средби. На 1 јуни 2017 година „Повардарие” должеше приближно четири милиони евра. Денеска е околу еден милион. Сметаме дека нема повеќе време да чекаме за лозарите да бидат исплатени, дециден беше Николовски.

Градоначалникот  на Кавадарци, Митко Јанчев истакна дека задоволството е огромно, пред се за неколкуте општини од Тиквешијата и градоначалниците, како и за сите јавни институции кои ги застапуваат граѓаните.

– Веќе имаше гнев поради неплатени обврски кон лозарите повеќе од четири години. Добро е што ова сега се реши во така брз период, што за мене претставува гордост. Сите кои учествуваа во овој процес напорно работеа како за свои пари, за да може да се обесштетат лозарите. Добро е кога сите сме задоволни, нагласи Јанчев.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Склучени осум договори за земјиште на поранешниот агрокомбинат„Џумајлија“

Редакција

„Окта“ оствари загуба од 96 милиони денари

Никола Осило

Собранието распиша тендер за набавка на четири возила

Никола Осило