еМагазин
Image default
Локално

Државен просветен инспекторал констатирал дека учениците немале намера да го повредат девојчето

Општина Аеродром соопшти дека по вонредниот инспекциски надзор во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“, Државниот просветен инспекторат во својот записник констатирал дека „учесниците во настанот што се случил во петокот во училиштето во ниту еден момент немале намера некого да повредат“.

На директорот и на стручната служба им било укажано да продолжат со организирање едукативни предавања и работилници за безбедно однесување на учениците. На раководството, исто така, му е укажано да преземе мерки за утврдување работни должности на наставниот кадар во однос на дежурства и активности што се реализираат на одделенски час.

– Веднаш по настанот, од страна на раководството на училиштето се преземени сите мерки и активности за расчистување на случајот, согласно со закон. Понатаму, изречени се педагошки мерки за несоодветно однесување на учениците, одржани се одделенски совет и вондредна родителска средба. Исто така, психологот на училиштето ќе организира советување за учениците и родителите, информира општина Аеродром.

Општината наведува и дека за да се зголеми безбедноста на учениците ќе ја следи реализацијата на сите укажувања на Државниот просветен инспекторат во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како изгледа играта фрлање на деца низ прозорец од школо, поради која беше повредено девојче

Родителите на децата кои фрлија девојче од прозорец на школо во Аеродром, повикани во полиција

Четворица малолетни ученици фрлиле нивна соученичка низ прозор од школо во Аеродром

„Маргини“: Инцидентот со девојчето е резултат на долгогодишно игнорирање на насилството во училиштата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како ќе изгледа „автобуското метро“ во Скопје

Редакција

Две лица загинаа во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани

Редакција

(Фото) Кавадарци за прв пат доби лизгалиште

Редакција