еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Државен студентски дом: Истражувањето на МОФ се однесува на податоци од 2015 година

Државниот студентски дом Скопје ја известува јавноста дека истражувањето од МОФ околу исхраната и трошењата на институцијата се однесува на период од 2015 година кога со институцијата раководеше предходната власт.

„Ги повикуваме медиумите во текстовите да се повикаат на годините на кои се однесува ова истражување и кои претставниците од МОФ ги истакнале, односно од 2015-2018 година. За потсетување сегашното раководство со институцијата управува од месец март 2018 година.

Што се однесува на предходните години, последиците од недомаќинското работење во изминативе 10 години ги трпи и Државниот студентски центар заедно со студентските домови. Токму од тоа работење институцијата се соочи со долг во висина над 300 милиони денари кои сегашното раководство за нецели 2 години го намали за повеќе од половина.

Недомаќинското работење на предходна власт ги запусти домовите до степен на потсмев кај домашната јавност. Раководството кое сега управува со студентските домови се соочи со речиси секојдневни дефекти во инсталационата мрежа поради која студентските домови во зимскиот период многу често имаа недостаток на топла вода и греење“, се вели во реакцијата на ДСД.

Од таму велат дека денеска по само две години студентите ги немаат овие проблеми. Раководството и оваа Влада реализираше и отпочна инвестиции кои во голем дел ги решија дефектите.

„За ова кратко време наспроти деценијата на предходната власт, ги исплати долговите кои се однесуваа на режиските трошоци поради кои студентските домови беа комплетно нефункционални. Го намали долгот на институцијата и реализира инвестиции во сите студентски домови.

Студентите во В и Г Блоковите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ добија комлетно внатрешно уредување, а во тек е уредување на дворот. Се уреди и дворот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, а се ставија во функција и неколку запуштени простории. Во моментов таму се изведува видео надзор во насока на безбедност на студентите.

Исто така потпишан е и договор со германската КфW банка преку која се обезбедени средства за целосна реконструирање студентскиот дом во делот на енергетската ефикасност. За студентскиот дом „Стив Наумов“ се работи техничка документација за зградите 1 и 2. Студентите во овој дом ќе добијат комплетно реновирање со што домот ќе има целосно нова слика.

Во меѓувреме по цели 16 години се промени и менито во исхраната. Дополнително во појадокот се воведе здрав оброк-смути.

Паралелно со инвестициите Државниот студентски дом остварува соработка со општествено одговорни компании преку кои студентите добиваат можност за посета на обуки и академии надвор од студиите. Преку Меморандумите за соработка се обезбедуваат и донации кои служат за подобрување на студентскиот стандард“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Крпен студентски живот: Еден килограм свинско и 472 грама говедско месо месечно на секој станар на студентските домови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен повик за ИТ обуки: Со 35,1 милион денари ќе се преквалификуваат 1.253 невработени млади лица

Редакција

Поскапеле кафаните

Никола Осило

Занаетчиите незадоволни од владините мерки за справување со „корона-кризата“

Редакција