Државна лотарија како одговорна компанија ги почитува мерките на Владата но интерно воведува и сет свои мерки за заштита на вработените и добитниците и секојдневно презема потребни активности.
Покрај општествената ориентација за помош на најранливите категории граѓани со донацијата за Црвен Крст реализирана минатата недела, Државна лотарија постојано имплементира мерки и решенија за заштита на играчите и добитниците, со посебен акцент за заштита на вработените.
Најнапред укажуваме дека рокот и начинот на подигнување на добивките од игрите на среќа и наградите од наградната игра „МОЈ ДДВ#МОЈА НАГРАДА“, се утврдени со Правилата на игрите на среќа односно со правилата на наградната игра „МОЈ ДДВ#МОЈА НАГРАДА“.
Сите добивки од игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија кои се во износ над 5.000 денари се исплатуваат во седиштето на друштвото односно нејзината регионална благајна во Кочани во строго утврден рок рок не подолг од 30 дена од денот на објавување на резулататите.
Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија за мерките за спречување на внесување и ширење на коронавирусот COVID-19 (Службен весник на Република Северна Македонија бр.62/2020), во друштвото на 16.03.2020 година донесен е Протокол за работа во благајните согласно кој скратено е работното време на благајните за исплата на добивки во седиштето на друштвото и регионалната благајна во Кочани на Акционерското друштво за приредување игри на среќа, Државна лотарија и истите работат од 10 до 14 часот во работните денови.
Преземени се потребнитe активности со кои благајната во седиштето е преселена на приземјето од зградата се со цел добитниците за исплата и подигнување на добивките да не мора да се качуваат на вториот кат од зградата, а со тоа да се намали присутвото на луѓе во просторијата каде се врши исплатата.
Државна лотарија ги презема забрзано сите потребни мерки и активности за отворање на нова благајна за испалта на добивките во центарот на градот поточно во ТЦ Буњаковец со што се очекува намалување на фреквенцијата на добитниците за исплата и подигнување на добивките во седиштето на друштвото.
Укажуваме дека се преземаат мерки за сите лица кои пристапуваат во просториите на благајните да биде дезинфицирани со антисептички средства и да користат заштитни ракавици.
Од страна на друштвото воведена е строго утврдена процедура на постапување согласно која лицето кое пристапило во благајните за исплата на добивка целокупната потребна документација ја потпишува на начин кој обезбедува најголема заштита и со задолжително почитување на пропишаното растојание од повеќе од два метри од вработениот кој ја врши исплатата.
Исто така во континуитетт се преземат активности за почитување на протоколот за воведување посебен ред за влез и лимитирано присуство на луѓе во благајните и не се дозволува влегување на повеќе од едно надворешно лице во просторијата каде се врши исплатата.
Работното време на благајните е од 10–до 14часот секој работен ден. При исплата на добовките постојано укажуваме на потребата за коректност и почит на своето здравје и здравјето на другите.
Добитниците е неопходно да доаѓаат со заштитни маски и ракавици, во случај на повеќе од еден добитник или играч пред благајната, молиме за држење на потребно растојание од повеќе од два метри , со давање предност на повозрасните лица.
Играчите на Лото 7 и Џокер ги потсетуваме на можноста за on-line уплата преку веб страната www.loto.mk, при што со креирање кориснички профил се добива можност за онлај уплата, но и on-line исплата за сите видови добивки, освен премиите за 7-ка и Џокер со 6 погодоци.
За сите потребни информации стои на располагање нашиот тим во контакт центарот – секој работен ден од 8 до 20 часот и во сабота од 09 до 15 часот На телефонскиот број 02 323 7777 и вибер бројот 076 313 052.
Вработените на Државна лотарија, во овие тешки времиња, ги преземаат сите потребни мерки да не ја оневозможат и запрат можноста за исплатата на добивки и награди и се надеваме соработка од страна на играчите и ценење на напорите.
Низ игрите на среќа не нудиме само забава и добивки, туку и чувство на надеж и верба, што во овие времиња ни е на сите потребно.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА