еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државниот долг расте од 2009 наваму

Трендот на зголемување на државниот долг што започна во 2009 година продолжува, укажуваат од Државниот завод за статистика во најновата публикација „Одржлив развој“.

На крајот од 2017 година тој изнесуваше 3 958.5 милиони евра, што претставува 39.3 % од вкупниот БДП.

Вкупниот јавен долг на Македонија на крајот на вториот квартал од 2018 година изнесува 48,8% од БДП, што претставува зголемување за 0,6 п.п. во однос на претходниот квартал.

„Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 33,0% на 33,4% од БДП), при раст и на внатрешниот долг (од 15,2% на 15,4% од БДП). Вкупниот државен долг и долгот на јавните претпријатија (за кој државата има издадено државна гаранција) во вториот квартал се зголемија за 0,3 п.п. и 0,2 п.п. од БДП, соодветно“, соопшти НБРМ.

Според фискалната стреатегија на РМ (2017-2019), управувањето со јавниот долг (во кој е вклучен државниот долг) се смета за одржливо ако на долг и среден рок не надминува 60 % од БДП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авион на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул не можел да слета во Скопје поради облаци

Редакција

Најголем дел од заболените со Ковид-19 во Македонија имале кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција

Владата донесе уредба за одложено плаќање на кредитите, на ред се банките

Редакција