еМагазин
Image default
Бизнис

Државните обврзници ќе се тргуваат на Македонска берза на почетокот на 2019

Државните хартии од вредност од почетокот на 2019 година ќе котираат на Македонска берза.

Денеска министерот за финансии Драган Тевдовски и директорот на Македонска берза, Иван Штериев, потпишаа договор за котација на државните обврзници. Со ова државните хартии од вредност ќе станат достапни за поголем број на инвеститори, како домашни, така и странски.

Министерот за финансии Драган Теводвски истакна дека со ова се следи европската пракса, но и примерите на сите развиени земји со функционален пазар на капитал.

-Се прави клучен чекор кон развивање на пазарот на капитал. Покрај добро развиениот примарен пазар, се развива секундарниот пазар на тргување. Од почетокот на 2019 година, државните хартии од вредност ќе станат достапни за повеќе инвеститори – како во земјата, така и во странство. Ќе напоменам дека преку заедничката платформа на берзите од регионот СЕЕ линк, македонските државни обврзници ќе станат достапни за инвеститорите од регионот, но и Европа.

Инаку државните хартии од вредност на останатите земји од регионот веќе се достапни на СЕЕ линк. Ова ќе придонесе за поголема видливост на цените т.е. поголема транспарентност. Секако, поголемата  конкуренција кај побарувачката ќе обезбеди подобра цена, односно камата.- рече Тевдовски.

Директорот на Македонска берза, Иван Штериев истакна со котацијата на државните хартии од вредност ќе се зголеми расположивата понуда на берзата.

-Ова е многу значаен ден за Македонска берза и за нејзините членки. Берзанската котација на државните обврзници ќе значи дека овој финансиски инструмент ќе стане максимално визибилен и полесно достапен на секундарниот пазар на хартии од вредност во Република Македонија, а истовремено ќе ја зголеми расположливата понуда на Берзата.

Воедно, котацијата и тргувањето на регулиран пазар ќе претставува нов квалитет за континуираните државни обврзници што би требало да придонесе за уште поголем интерес за вложување во овој инструмент од страна на домашните и странски инвеститори, со сите позитивни повратни импликации од тоа, вклучително и поповолни услови при издавање на обврзниците во иднина-рече Штериев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СКМ: Прогресивниот данок донесе отпуштање и зголемени трошоци кај ИКТ компаниите

Редакција

БИМ Свети Николе со добивка

Редакција

Коста Митровски веќе не е главен извршен директор на УНИ Банка

Редакција