еМагазин
Image default
Локално

ДСЗИ: Епидемија на жолтица има само во населбата „Даме Груев“

Епидемија на жолтица на територијата на град Скопје е прогласена само во населба „Даме Груев“ во Општината Ѓорче Петров, информираат за МИА од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) од каде посочуваат дека извршени се вонредни инспекциски надзори во сите училишта во градот во кои има заболени ученици и издадени се решенија за преземање превентивни противепидемиски мерки.

Пред почетокот на зимскиот распуст извршени се и контролни надзори по издадените решенија. Во континуитет ќе продолжиме со надзорите во сите воспитно образовни установи, потенцираат од ДСЗИ.

Во врска со зголемениот број заболени од жолтица, од ДСЗИ истакнуваат дека се во постојан контакт со Центарот за јавно здравје Скопје од каде секојдневно добиваат податоци за состојбата со Хепатит А и постапуваат согласно своите надлежности и препораките на Центарoт.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Возило ја проби оградата на мостот на Револуцијата и излета во Вардар

Редакција

ЕВН: Жителите на селата кои останаа без струја веќе имаат стабилно напојување

Редакција

(Фото) Денеска за првпат фестивал на ракија во Кавадарци

Редакција