еМагазин
Image default
Македонија

ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција за референдумот на 30 септември одржа состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 – те шефови на општинските штабови на ограноците на таа партија.

Шефот на Централниот штаб, Атила Рецепи, како што информираат од ДУИ, го утврдил основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им доделил одлуки на избраните шефови на општинските штабови посакувајќи им успешна работа.

На состанокот била усвоена и агендата на средбите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од структурите, а била споделена и политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција оценил дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, а собирите со граѓаните партијата ќе ги почне утре во Тетово, а ќе ги заврши во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска за „штедливото“ тргање на оградата: Со парите од советниците може цела Влада да се упристои

Редакција

Љупчо Николовски избран за шеф на Изборниот штаб на СДСМ, партијата започнува теренски активности под слоганот „најдоброто за нашата општина“

Редакција

116 се реинфекции: 848 нови случаи на Ковид-19 од 3.506 тестови

Редакција