еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

ДУИ сака „вечно“ да биде во владата

Од ДУИ навреме си кажаа. Ако тие освојат најмногу гласови во албанскиот блок на престојните предвремени парламентарни избори во април, мора да бидат дел од новата Влада.

Вечниот лидер на партијата, Али Ахмети потсети што се случило во 2006 година кога според него волјата на албанското мнозинство била игнорирана, па Македонија влезе во криза и по 15 месеци повторно беа организирани избори.

Станува збор за периодот кога ВМРО-ДПМНЕ направи влада со ДПА, иако ДУИ освои повеќе гласови во албанскиот блок на тогашните парламентарни избори, по што пратениците на Ахмети го напуштија Парламентот, па цела Меѓународна заедница требаше да ги “моли“ да се вратат.

Неколку години подоцна ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, со која во меѓувреме стана одличен коалиционен партнер, го склучи фамозниот „Мајски договор“, според кој победникот во македонскиот и победникот во албанскиот блок треба да прават влада, непознат феномен во нормални земји, каде победникот на избори сам одлучува со кого ќе коалицира или дали воопшто ќе го прави тоа (во Грција на пр. моментално Нова демократија владее сама).

Арно ама во 2016 година ДУИ го прекрши овој неформален договор и ја „зезна“ ВМРО-ДПМНЕ, која беше победникот во македонскиот блок, на тогашните избори, и направи влада со второпласираната во македонскиот блок, СДСМ.

И така веќе со децении, и покрај големото незадоволство од работата на ДУИ кај албанските гласачи, но и кај македонските, и бројните скандали со нејзини функционери, ДУИ продолжува да си плови, а очигледно е дека партијата ќе направи се, нормално во нејзин стил, ништо да не и се испречи на целата – „вечно“ да биде дел од власта.

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 760 заразени со корона вирусот: Регистрирани 49 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

(Галерија) Со кој сè се сретна Ковачавски на самитот на НАТО во Вилнус

Редакција

(Видео) Поради кражби, грчките земјоделци стават ГПС на маслинките

Редакција