еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Дупка од 111 милиони евра: ПИОМ не може да наплати придонеси од 19.000 фирми и земјоделци

Во текот на 2017 година, наплатени се вкупно придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 35.638.673.802 денари, покажува извештајот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
Во текот на 2017 година, наплатени се вкупно придонеси за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 35.638.673.802 денари, покажува извештајот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Од нив, 33.368.333.503 денари се придонеси од интегрирана наплата за плати остварени во 2017 година, 1.994.397.465 денари се придонеси по основ на интегрирана наплата за периодот од 01.01.2009 до 31.12.2016 година, а 275.942.8340 денари се заостанати наплатени придонеси за периодот до 31.12.2008 година за кои е надлежен Фондот да води постапка за наплата.

Во текот на 2017 година, стапката на наплата на придонесите кои настанале до 31.12.2008 година и за кои е надлежен Фондот да води постапка, забележа зголемување од над 90% во однос на претходната 2016 година.
Истата година беа наплатени 144.847.210 денари, што се должи на продажбата на имот во стечајна постапка.

Иако износот на наплатен придонес во текот на 2017 година е зголемен, истиот не соодветствува со износот на побарувањата по основ на придонеси до 2008 година кои Фондот ги имаше од правните и договорните осигуреници.

Имено, во почетокот на 2017 година, Фондот на ПИОМ имаше побарувања од над 6.846.368.275 денари (111 милиони евра) од околу 15 илјади правни лица и од околу 4 илјади договорни осигуреници, претежно индивидуални земјоделци.

Причините за малиот обем на наплата на придонесите до 31.12.2008 година за кои постапка води Фондот, се поради тоа што Фондот освен постапката за присилна наплата (блокирање на жиро – сметката) нема други механизми да ги наплати своите побарувања, а кои ги поседува Управата за јавни приходи (конфискација на имотот).

Исто така, причина за малиот обем на наплата е фактот што многу обврзници се ликвидираат и бришат од Централниот регистар, одат во стечај ( а немаат имот од кој можат да се наплатат побарувањата), немаат жиро – сметки, или се неактивни.

Структурата на побарувањата по основ на придонеси за ПИО кои настанале до 31.12.2008 година и за кои е надлежен Фондот да води постапка за наплата, а по завршување на пописот за тековната 2018 година, е следната:

Побарување од 606 обврзници во стечај 2.170.777.576 денари, побарување од 1.159 субјекти кои немаат жиро – сметки 482.945.888 денари, побарување од 2.554 неактивни обврзници-правното лице е во мирување и нема пријавено вработени 1.205.145.071 денари, побарување од 3.110 обврзници со блокирани жиро -сметки.1.184.863.233 денари, побарување од 1.656 обврзници за кои се води постапка 763.671.868 денари, побарувања од 4.721 договорен осигуреник (физички лица, индивидуални земјоделци) 1.038.964.639 денари.

„Во текот на 2017 година реализирани се и други активности односно продолжи постапката за наплата на придонеси од обврзниците кои до крајот на 2015 година поднеле барања за отпис на камата.

По овој основ, во текот на 2017 година, вкупно уплатениот придонес на обврзниците кои целосно го измириле долгот по решението за отпис на камата, изнесува 3.777.528,00 денари од 21 обврзник, од кои 5 се правни обврзници, 21 се физички лица и притоа вкупно отпишаната камата изнесува 3.190.942 денари“, соопшти ПИОМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Редакција

Убава вест: 368 оздравени од Ковид-19

Редакција

„Фајненшал тајмс“: Балканската тројка промовира „мини-Шенген“ сооочена со одложувањето на членството во ЕУ

Редакција