еМагазин
Image default
Македонија

Дураки повеќе не е министер, вели дека неговото работење ќе оставело траен позитивен белег во зачувување на животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање денеска соопшти дека Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање, од причина што е предложен за министер за новото Mинистерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

-Ви благодарам Вам и на сите членови на Владата, како и на претставниците во Собранието за искажаната доверба и за доделената чест да придонесам во подобрување на состојбата во животната средина во Република Северна Македонија, наведува Дураки во упатената оставка до премиерот Зоран Заев.

Додава дека додека ја извршувал функцијата се соочил со најголемите предизвици за зачувување и унапредување на животната средина.

-Според сегашната состојба, некои од тие предизвици успешно ги надминавме. Јас и мојот тим во изминатиот период макотрпно работевме и го вложивме целото наше знаење и способност во решавање на проблемите, но некои проблеми бараат долгорочен и системски пристап, наведува Дураки.

Смета дека некои проекти спроведени за време на неговото раководење ќе остават траен позитивен белег во зачувување и унапредување на животната средина но, за жал, како што вели, „во некои области од животната средина се уште сме немоќни да направиме подобрување или одржување“.

Во оставката истакнува дека МЖСПП располага со стручен кадар кој несебично ќе се вложи и ќе му помогне на новиот тим да креира и да ги спроведува политиките во животната средина и просторното планирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Садула Дураки на „тапет“ на Твитер: „Многу ќе беше појако Вентили да го ставеа за директор на Водовод, ама Владата нема смисла за хумор„

Османи: Дураки е искусен политичар и носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ

Каков имот пријавил старо-новиот министер Садула Дураки

Во биографијата на старо-новиот министер Садула Дураки заборавиле да стават дека не се „бави“ со граѓаните

Фото: Дураки/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дали „Илија громовник“ е еден човек или група луѓе, кои организирано објавуваат „бомби“?

Редакција

ФРОНТЕКС и македонската полиција пронајдоа момче од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато

Редакција

Судскиот совет денеска на седница треба да расправа за одлуката на Апелација за „Таргет – Тврдина“

Редакција