еМагазин
Image default
Балкан

Дури 65% од Грците се против Договорот од Преспа

Негативно мислење за Договорот од Преспа, за македонскиот премиер Зоран Заев и за поранешниот шеф на грчката дипломатија Никос Коѕијас, имаат мнозинството Грци, според политичкиот барометар за месец ноември на грчката агенција за рејтинг „Public issue“ за темите поврзани со надворешната политика, јави дописничката на МИА од Атина.

За договорот што беше потпишан меѓу Грција и поранешната југословенска Република Македонија, лично Вие, какво мислење имате? Би рекле дека сте сигурно за договорот, веројатно за, ниту за/ниту против, веројатно против, сигурно против (договорот)?, е прашањето што им било поставено на анкетираните.

65% одговориле дека се против (57% сигурно против, 8% веројатно против), 17% се за (9% сигурно за, 8% веројатно за), 13% ниту за/ниту против, 5% се без мислење.

Од агенцијата прават споредба на овие резултати со резултатите од јули годинава. Разликата е многу мала, тогаш, 21% имале позитивен став за Договорот од Преспа (4% повеќе од сега), а против договорот биле 64% (1% помалку од сега).

Во однос на тоа за кого гласале на минатите избори (септември 2015), од гласачите на СИРИЗА 45% се против, а 31% за Договорот од Преспа, додека пак од испитаниците кои гласале за Нова демократија, 86% се против договорот, а само 6% за.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Расте негативното мислење на Грците за македонскиот премиер Зоран Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Атлантик Група ја одбележа 30-годишнината со рекордни резултати

Редакција

Со Законот за слобода на вероисповед во Црна Гора ќе се одзема и имот на СПЦ

Редакција

Борисов му понуди на Слави Трифонов да прави влада, ќе му позајми 10 пратеници

Редакција