еМагазин
Image default
Бизнис

Дури 7.430 слободни работни места во Македонија: Се бара работник повеќе во услужните дејности

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година во земјава имало 7.430 слободни работни места односно стапката на слободни работни места изнесувала 1.44 %.

Највисока стапка на слободни работни места има секторот „Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.13 %), додека најмала е стапката во секторот „Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување“, каде што изнесува 0.24 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1.92 %.

Југозападниот Регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 3.19 %.

Најголем број слободни работни места, односно 2.944, има во петтата група на занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на становите ќе растат: И градежниците бараат посебни мерки за поддршка од државата

Редакција

Продаден блок акции од ТТК Банка за 63.000 евра

Редакција

Европа со пад на добивката од 68,5% во првиот квартал

Редакција