еМагазин
Image default
Локално

Двајца криумчари возеле 27 мигранти од Авганистан и Пакистан во „цитроен џампер“

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за гранични работи – Регионалните центри за гранични работи Исток и Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Богданци и И.С.(39) од с.Селемли, општина Богданци, поради постоење на основи на сомневање дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“, информира МВР.

На 06.10.2019 во 11.15 часот на местото викано „Крива река“ во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените, биле пронајдени 27 лица – мигранти (11 од Авганистан и 16 од Пакистан).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Патнички воз излета од шини и удри во метален столб во Скопје

Редакција

Блокадата на приватните автобуски превозници кај „Мавровка“, времено отстранета

Редакција

Осумгодишно девојче каснато од „домашен љубимец“

Редакција