еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца лекари и две сестри од кумановската болница позитивни на коронавирусот

Двајца лекари и две сестри од кумановската болница се позитивни на коронавирусот, но се во стабилна здравствена состојба и се во домашна самоизолација, информира директорката на кумановската општа болница, Снежана Захариева.

„Тие се во домашна самоизолација, бидејќи немаат потреба од болничко лекување. Засега немаат покачена телесна температура, ниту други симпотми и поради тоа не се на болничко лекување, туку се во самоизолација“, рече директорката Захариева.

Во оваа фаза со овој број на заболени од болницата, јавната здравствена установа може да одговори на потребите на  пациентите од североисточниот регион, но ако се прошири бројот на заболени тогаш, додава Захариева, ќе бараме помош од Министерството за здравство да испрати персонал од други здравствени установи.

Инфективното одделение кое е посебна зграда, ќе служи за изолација на пациенти кои имаат  симпотматолгоија од коронавирус, за оние кои треба да се тестираат, оние кои имале контакти со заболени.

Одделението за уво, грло и нос кое исто така е посебна зграда сега е преадаптирано за пациенти заболени од други болести, зголемена температура, гнојна агина, стомачен вирус.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Лизгалиште во Мадрид претворено во мртовечница

Вкупно 148 заболени од корона вирусот: Регистрирани нови 12 од кои седум во Скопје, пет во Куманово

(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот

Како граѓаните да закажат тестирање за корона вирусот кај матичен лекар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гласачките места за предвремените парламентарни избори затворени во 21 часот

Редакција

Раст на БДП во Еврозоната во вториот кавртал од 2023, јулската инфлација 5,3%

Редакција

Продолжува судењето за убиството на младиот Саздовски

Редакција