еМагазин
Image default
Македонија

Двајца новозаболени од Ковид-19 во Куманово, четворица во Липково

Центарот за јавно здравје – Куманово, во последниве 24 часа регистрира шест новозаболени лица од Ковид 19.

Директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи информираше дека две лица се од Општина Куманово, а четири лица од Општина Липково.

– Имаме две новозаболени лица од село Лојане, Липковско. Останатите новозаболени од двете општини потекнуваат од веќе познати кластери, изјави д-р Љатифи.

Починатите две лица на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се од Општина Липково – пациентка на 47години примена на 12 јуни и 59-годишна пациентка примена на 14 јуни.

Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 на подрачјето на ЦЈЗ – Куманово од почетокот на епидемијата изнесува 709, а активни се 254 случаи.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прв смртен случај во Кичево од Koвид-19

Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини

Почна да се полни и болницата во Козле: Хоспитализирани 11 возрасни и 1 дете

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Талат Џафери го потпиша Законот за јазици: Северна Македонија ќе биде двојазична држава

Редакција

Чичаковски и Ајро избрани за судии на Управниот суд

Редакција

Во Битола во поранешна фабрика за канабис запленета дрога во вредност од околу 800.000 евра, приведени пет лица

Редакција