Двајца охриѓани се повредени откако во нив удрил автомобил додека биле на одмор во Црна Гора.
Според пишувањето на црногорските медиуми, 20-годишен белграѓанец со голема брзина удрил во шестмина пешаци, помеѓу кои биле и македонските државјани.
Сите биле полесно повредени и однесени во болница во Котор.
По 20-годишниот белграѓанец, полицијата во Црна Гора распишала потерница, бидејќи откако ги прегазил, тој побегнал и преку Топлиш сакал да замине од Будва, но откако видел дека градот е блокиран, направил уште една сообраќајна несреќа околу 1:20 часот на Јадранската магистрала каде што удрил во Тојота, а потоа и уште неколку паркирани возила, по што излегол од автомобилот и побегнал.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.