еМагазин
Image default
Локално

Двајца повредени во судар меѓу влекач и два автомобили во Битола

На 26.06.2019 година во 16.30 часот на Кукуречанска крстосница – Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило – влекач „Ман“ со гевгелиски регистарски ознаки, со полуприколка „Шмитц-Гота“, управувано од М.Љ.(50) од Богданци, патничко возило „Рено Меган“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(63) од с.Вирово, демирхисарско  и патничко возило „Фолксваген Голф“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Ц.Е.(55) од Неготино, информира МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во возилото Голф“, М.Е.(35) од Неготино, која била пренесена во Клиничката болница во Битола, додека со телесни повреди се здобил возачот Д.Ш. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Под закана од профит-пиромани: Пожарникарите не можат да постигнат од намерни пожари

Редакција

Пукање во физичка пресметка меѓу две групи во локал во Скопје

Редакција

30-дневен притвор за петмината вмешани во убиството на турскиот државјанин во Штип

Редакција