еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца странци се тестираат на корона вирусот, хотелот каде престојуваат e во карантин

Двајца странци кои во земјава допатувале на 28 февруари од Сингапур и Австралија со авион на „Виз ер“ од Келн, се пожалиле на симптоми слични на корона вирусот и во моментов се тестираат, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Тие се наоѓаат во изолација во хотелската соба, а целиот хотел каде што престојуваат е ставен во карантин. Во зависност од резултатите кои ќе се добијат од тестирањето, така и ќе се постапува.

„Во моментов епидемиолози прават интервју со странците. Се испрашуваат каде биле, со колку луѓе оствариле контакт. Мал е ризикот за пренесување на вирусот доколку имале близок контакт во кратко време, а ризикот е поголем ако физички контактот бил подолго време. Во зависност од резултатите, така и ќе се постапува со местата каде што се движеле. Последните неколку дена не излегле од соба,“ изјави Филипче.

Препораката за да не се одржуваат јавни собири, како и спортските натпревари да се одржуваат без луѓе е продолжена за уште една недела, односно до 14 март.

Со цел зголемување на мерките на превенција, Филипче информираше дека било разговарано со мобилните оператори, сите странци кои влегуваат во државата да добијат посебна порака што да превземат ако се јават симптоми на болеста, а техничкото решение за оваа услуга се изготвува денеска.

Министерот изјави дека на Инфективна клинија се лекуваат 30 пациенти од сезонски грип, но се очекува бројот на заболени да се намали. Она што останува непознато, е дали ќе се намали бројот на заболени од корона вирусот со затоплување на времето.

„Она што е непознато е како ќе оди кривата на заболни од корона вирусот. Не можеме да претпоставиме, не сме сигурни дали ќе се намали трансмисија на овој вирус со тополото време. Затоа држиме построги мерки согласно бројките на заболени во околните земји и поширок регион,“ додаде Филипче.

ПОВРАЗНИ ВЕСТИ

Како да се заштитите од корона вирусот: АПЕЛ за целосно почитување на превентивните мерки

АПЕЛ: Сите кои допатувале од региони со коронавирус задолжително да се јават на дежурните телефони

Како се лекуваат пациентите заразени со корона вирусот?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието не го усвои предлогот по скратена постапка да се носат измените на Законот за субвенциониран студентски оброк

Редакција

Во Владата се уште собираат информации за начинот како е регистриран клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Редакција

(Галерија) Со помош на иселеници, Крива Паланка накитена за новогодишните празници

Редакција