еМагазин
Image default
Балкан

Двајца српски туристи заразени со корона вирусот во Едипсос на грчкиот остров Евиа, а 87 се негативни

Негативни се сите 87 тестови направени на туристите од Србија сместени во Едипсос на грчкиот остров Евиа, откако за двајца од групата завчера беше потврдено дека се заразени со Kовид-19, јави дописничката на МИА од Атина.

Градоначалникот на приморското место, Јанис Конѕиас, преку социјалните мрежи објави дека резултатите на туристите се негативни и додаде дека „Едипсос останува отворен и covid free“.

Групата туристи, на островот Евиа пристигнале во саботата, завчера беше потврдено дека брачен пар што е дел од групата е позитивен на коронавирусот, а мажот беше хоспитализиран во болницата во градот Ламиа, по што започна тестирањето на сите српски туристи.

Во изминатите денови, зголемен е бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во Грција, особено кај посетителите што доаѓаат на летен одмор во земјата. Вчера беа соопштени 50 нови случаи, од кои 24 кај туристи.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за денеска свика состанок со надлежните министри за да разговараат за текот на оперативниот план за контроли на влезните точки во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Како изгледа тестирањето за Ковид-19 на туристи на грчката граница

Во Грција повеќе позитивни туристи на корона вирусот од патните мрежи, отколку од авиолиниите

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени на протестите против Договорот од Преспа во Атина и Солун

Редакција

Бојко Борисов во самоизолација откако имал контакт со заразен од Ковид-19

Редакција

Вучиќ и членови на неговото семејство биле нелегално прислушувани, полицијата собрала докази

Редакција