еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19

Во Градската општа болница „8 Септември” тројца анестезиолози, тројца интернисти, 25 медицински сестри, ангажирани на одделенијата каде се лекуваат позитивни и сомнителни случаи и пет болничари се заразени со коронавирусот, информираа за МИА од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести фебрилни состојби, како што посочија, заразени се двајца здравствени работници, а други двајца кои се оздравени, се вратиле на работа.

Од Министерството потенцираа дека овие две јавни здравствени установи изминатите денови се засилени со кадар.

На Инфективната клиника по систем на ротација дојдени се пет доктори, тројца од клиниките за кардиологија, ендокринологија и Институтот за туберкулоза, еден доктор од Клиничката болница во Тетово и еден од Општата болница во Охрид, како и 27 медицински сестри од Специјалната болница „Јасеново“, и од болниците во Кавадарци, Кочани и од Кичево.

Во ГОБ „8 Септември“ тимот се зајакна со шест доктори – двајца од клиниките за ревматологија и нефрологија, двајца доктори од Кичево и по еден доктор од болницата во Отешево и болницата во Гостивар.

Оваа јавна здравствена установа се зајакна и со 20 медицински сестри од Струга, Велес, Отешево, Гевгелија, и Специјалната болница „Лешок“.

Од почетокот на епидемијата со коронавирусот целиот здравствен систем е активиран и мобилизиран со цел успешно справување од овој непредвидлив вирус, нагласија од Министерството за здравство.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир надмина 300: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти

Нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 97

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Белата палата“ на продажба: Со колкав имот располага ВМРО-ДПМНЕ?

Редакција

Брачен пар од Македонија се уште е заглавен во Газа, сместени се во болница на Црвената полумесечина

Редакција

Димитров: Жалиме за настраданите во земјотресот во Албанија, подготвени сме да помогнеме

Редакција